Столтенберг  според најавите, се очекува утре веста да ја соопшти на прес конференција во седиштето на НАТО.

,,Подоцна ќе разговарам со премиерот Ципрас, утре на наутро со премиерот Заев. Јас ќе ја истакнам нивната храброст и лидерство за постигнатиот договор за спорот за името. Убеден сум дека лидерите на НАТО на Самитот следниот месец во Брисел ќе одлучат за отворање на пристапните разговори со ПЈРМ.” Изјави генералниот секретар на НАТО.