Столтенберг за тензиите на Косово: „Двете страни да останат воздржани“

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека разговарал со премиерот на Косово, Албин Курти и додаде дека двете страни мора да останат воздржани.

„Разговарав со Албин Курти за неодамнешните тензии на Косово и континуираното значење на присуството на нашата мисија КФОР. Сите страни мора да останат воздржани, да избегнуваат еднострани потези и да го поддржат дијалогот под посредство на Европската унија“, напиша Стотенберг на Твитер.

Генералниот секретар на НАТО истакна дека ќе остане во контакт со Белград и Приштина.

Слични содржини