Стоматолог откри како правилно треба да се чисти четката за заби

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот стоматолог Сухаил Мохиудин објасни во своето видео на TikTok дека само миењето на четката под млаз вода пред и по миење на забите не ја прави четката чиста.

Сухаил Мохиудин, познат и како Др. М, вели дека тоа е затоа што нашата четка е дом на повеќе од 100 милиони бактерии, што покажала студијата на Универзитетот во Манчестер.

„Дали знаевте дека вашата четка за заби содржи еден тон микроби! Ова е начин како да се исчисти и да се одржи здрава“, напишал во насловот на видеото Др. М.

Во клипот Мохиудин вели дека четката за заби треба редовно да се чисти за да се ослободи од штетните бактерии. Тој советува да ја миете главата на четката со сапун во топла вода, внимавајќи добро да го измиете сапунот.

Исто така, можете да ја потопите четка за заби во антибактериска течност за плакнење на уста, додава тој.

Слични содржини