Стоматологот од Канада ги познавал луѓето што ги убил: Меѓу 18-те убиени има и цели семејства

од Nikola Popovski

Најмалку 18 лица загинаа откако напаѓач облечен како полицаец отворил оган на неколку локации во Канада.

Полицијата очекува бројот починати да се зголемува, но најмалку 18 се убиени досега, вклучувајќи и тричлено семејство во најсмртоносниот масакр во историјата на Канада.

Напаѓачот Габриел Вортман ги убил луѓе во нивните домови, а потоа запалил неколку имоти и возила за време на 12-часовната потера што започнала доцна во саботата навечер во Нова Шкотска.

Вортман (51), стоматолог по професија, го направил својот автомобил да изгледа полициски и носел полициска униформа. Подоцна било потврдено дека е убиен на бензинска пумпа.

Тој знаел некои од жртвите, додека други биле случајно избрани. Началникот на полицијата Крис Ледер верува дека сè уште има остатоци од жртви во домовите што се изгорени до земја. Тој додаде и дека веројатно имало повеќе лица повредени за време на пукањето, но тоа сè уште не е потврдено.

Досега полицијата истражила 16 локации на злосторството во централна и северна Нова Шкотска, а властите велат дека се „релативно сигурни“ дека ги идентификувале сите места.

Една од жртвите е полицајката Хајди Стивенсон, мајка на две деца, која работела 23 години во службата. Меѓу убиените е и тричлено семејство: мајка, татко и нивната 17-годишна ќерка.

Вортман убил и учителка, Лиза Меккули, како и двајца здравствени работници. Некои тела биле пронајдени во куќите и пред нив, на улицата каде што живеел убиецот.

Засега, полицијата не знае кој е мотивот зад овој монструозен акт.

Слични содржини