„Стори“ веќе и на Твитер (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Опција што беше во фаза на тестирање во последните месеци, верзијата на Твитер на „стори“, сега е достапна за сите корисници на оваа платформа.

Сепак, „флитс“ (Fleets) не се приватни „приказни“, туку начинот на кој Твитер им овозможува на корисниците да споделуваат работи што се помалку достапни за светот. Секој може да го посети јавниот профил на секого на Твитер и да ги прегледа оние корисници со кликнување на нив. Како и со другите платформи, приказните се на горниот дел од екранот.

Овој начин на комуникација треба да им овозможи на корисниците да размислуваат гласно без лајкови, ретвитови или одговори и тој ќе се вика „флитс“ и ќе исчезне по 24 часа, се вели во соопштението на компанијата.

Слични содржини