Стотици демонстранти се собраа синоќа пред парламентот во Атина , за да изразат несогласување со спасувачката програма, договоренa од премиерот Алексис Ципрас .

грција проте

За да ја спаси својата земја , и покрај сите претумбации и референдуми ,лидерот на СИРИЗА беше принуден да се согласи со строги мерки и реформи во области како пензиското осигурување и даноци.
Помошта за Грција може да достигне 86 милијарди. евра во рок од три години, но земјата мора да собере средства во посебен фонд. Многумина од досегашните приврзаници на Ципрас го обвинуваат за предавство.

Во меѓувреме синдикатот на грчките државни службеници повика на 24-часовен штрајк закажан за во среда

 Грчкиот парламент сега мора да го одобри договорот и реформите . Договорот треба да биде одобрена и од други шест парламентот на земји од еврозоната.

Во меѓувреме беше соопштено дека Атинаго  пропушти плаќањето на редот на  ратата кон Меѓународниот валурен фонд во износ од 450 000 евра. Рокот за плаќање нејзиното истече во 23 часот вчера. Ова се случува и покрај постигнатиот договор.

Британскиот министер за финансии Џорџ Озборн изрази несогласување пари на британските даночни обврзници да се користат за спасувачката програма на Грција.


Слични содржини