Стотина граѓани побарале лекарска помош по серијата земјотреси

од Vladimir Zorba

klinicki-centar-skopje

Стотина лица побарале лекарска помош во скопските болници и амбуланти по денешната серија земјотреси што го погодија Скопје и околината.

Четириесетина лица побарале помош во градската болница „Наум Охридски“, а уште толку во градската болница „8 Септември“.

Најчесто се повредиле при бегање од своите домови, а неколкумина се со скршеници. Во болницата „Наум Охридски“ се задржани на лекување тројца пациенти, меѓу кои и една жена која паднала од тераса од први кат, при што се здобила со скршеници на нозете. Во болницата „8 Септември“ нема хоспитализирани пациенти со повреди од денешните земјотреси.

Десетина лица попладнево побарале помош и во клиничкиот центар „Мајка Тереза“, но засега нема информации дека има посериозно повредени.

Слични содржини