Странски медиуми: Овие холивудски заводници се вистинско разочарување во креветот

од Stefanija Kuzmanovska

Би се рекло дека повеќето холивудски заводници, покрај тоа што изгледаат одлично, се и одлични љубовници – меѓутоа, искуствата покажаа поинаку.

Едно време, странските медиуми составија список на „ужасни љубовници“, а на списокот се најдоа, ни помалку ни повеќе, некои од најпознатите имиња – Бредли Купер, Хју Хефнер и Џастин Бибер.

Иако живеел во вила со еден куп секси зајачици, Хју Хефнер не важел за „кралот на сексот“. Според неговата поранешна свршеница Кристал Харис, првиот човек на Плејбој имал проблеми со самодовербата, па затоа никогаш не се соблекувал за време на сексот. Освен тоа, предиграта со него траела само неколку минути.

Колин Фарел важи за голем заводник и женкар во Холивуд, но тој наводно не може да се пофали со своите љубовни вештини. Една од неговите поранешни партнерки изјавила дека актерот во кревет е подеднакво возбудлив како Мики Маус и дека често менува девојки затоа што ниту една не сака да остане со него.

Миленикот на жените Бредли Купер наводно е лош во кревет. Џенифер Лоренс бесрамно откри дека актерот лошо се бакнува, а една од неговите бивши, како што некогаш пишуваа американските медиуми, кажала дека е многу досаден, како и дека „зборува со француски акцент во креветот, бидејќи смета дека тоа е романтично“.

Поп-ѕвездата Џастин Бибер сè уште не го научил бонтонот во кревет. Многу од неговите поранешни девојки го нарекоа многу себичен љубовник. Тој очекува многу од својата партнерка, но дава малку и не прави скоро ништо. Не е имагинативен и гледа само на своето задоволство, изјави една од неговите поранешни девојки.

loading...

Слични содржини