Странски медиуми: Путин наводно рекол дека Навални самиот се отрул себеси

од Stefanija Kuzmanovska

Алексеј Навални можеби самиот се отрул себеси, наводно му кажал рускиот претседател Владимир Путин на неговиот француски колега Емануел Макрон за време на телефонскиот разговор.

Според московскиот весник The Moscow times, кој се повикал на францускиот дневен весник Le Monde, Путин му рекол на Макрон дека е можно Навални самиот себе да се отрул со „новичок“, од причина што само тој самиот ја знае.

Според изворот на францускиот весник, разговорот меѓу Путин и Макрон се одржал на 14 септември, а Путин, како што се наведува, исто така го опишал Навални како противник кој досега повеќе пати ги симулирал своите болести.

Навални реагираше на ова тврдење, обраќајќи му се на францускиот весник преку Твитер: „Да, мојот план беше полека да го зготвам „новичокот“ во кујна, да го пијам полека во авионот, да умрам и да завршам во мртовечницата во Омск, каде што причината мојата за смрт ќе биде ‘доволно живееше’“.

„Но, Путин ме надигра“, напиша Навални и додаде: „На крајот, поминав 18 дена во кома, како идиот, а не го добив тоа што го сакав“.

Да потсетиме, Навални денес беше пуштен од болницата во Германија, каде беше пренесен во кома, од сибирската општа болница Омск, каде што беше донесен откако му се слоши во авион.

Тимот на Навални тврди дека рускиот опозиционер бил отруен преку шише вода во хотелската соба во Томск, каде бил пред летото на кој му се слошило.

 

Слични содржини