Странските борци заробени од Русите кои се осудени на смрт ќе поднесат жалба

од Stefanija Kuzmanovska

Двајца Британци и еден Мароканец, кои беа заробени додека се бореле на страната на Украина и осудени на смрт пред судот на самопрогласената Народна Република Доњецк (ДНР), се подготвуваат да поднесат жалба, изјави денеска еден од нивните адвокати, пренесе „Ројтерс“.

Судот на ДНР ги прогласи за виновни Британците Ејден Аслин и Шон Пинер и Мароканецот Брахим Садун за „платеничка активност и дејствија за преземање на власта и уривање на уставниот поредок на ДНР“, пишува „Ројтерс“.

Властите на Велика Британија претходно објавија дека нејзините граѓани се редовни војници и дека според Женевската конвенција, тие треба да бидат ослободени од кривично гонење за учество во воени дејствија.

Претседателот на Доњецката Народна Република, Денис Пушилин, изјави дека ДНР ќе одлучи за егзекуцијата на странски платеници, двајца Британци и еден Мароканец.

– Постои еден месец жалбен рок. Откако ќе биде поднесена или не жалбата, Министерството за правда на ДНР во рамките на своите овластувања ќе донесе одлука за извршување на казната – изјавил Пушилин за „Спутник“.

Пушилин рече и дека властите на Обединетото Кралство не му се обратиле на раководството.

Слични содржини