Страшна сообраќајна несреќа во Србија: Четири лица повредени по излетување на македонски автобус

од Vladimir Zorba

На автопатот Белград – Ниш во близина на алексиначкото село Катул, утринава се случи сообраќајна несреќа во која се повредени четворица.
Причините за несреќата се утврдуваат, откако автобус на транспортната фирма Транспродукт кој сообраќал на линијата Скопје – Белград излетал од автопатот.
Екипите на итната помош четворицата повредени ги пренела во нишкиот Клинички центар.
Според неофицијалнтие информации на лекување е задржан возачот на автобусот кому најверојатно му се слошило во текот на возењето, што довело до несреќата.

Слични содржини