СТРАШНА СЦЕНА: Играјќи кошарка одеднаш колабира на терен (видео)

од Берта Китинска

Страшна сцена на кошаркарските терени во САД!

Младиот кошаркар  на Флорида Киjaнте Џонсон колабираше во саботата на дербито.

Американецот  движејќи се одеднаш падна на паркетот, а останатите играчи започнаа да врескаат на теренот, исплашени за неговото здравје.

Американските медиуми шпекулираат дека сè е последица на коронавирусот, кој Џонсон го имал во текот на предсезоната, но таквите информации сè уште не се потврдени.

Долго време се шпекулираше дека има проблеми кај одредени луѓе кои биле заразени со вирусот и дека, наводно, постои миокардитис, вирусна инфекција на срцевиот мускул, што може да доведе до ненадеен срцев застој и смрт, дури и кај спортисти. На Џонсон веднаш му беше укажана помош и беше однесен во болница.

Слични содржини