СТРАШНИ ПОПЛАВИ ВО КИНА: Тројца загинати, илјадници иселени, свлечишта (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Поплавите во јужна Кина однесоа најмалку три животи и предизвикаа лизгање на земјиштето, принудувајќи илјадници луѓе насилно да бидат иселени, објавија денес кинеските медиуми.

Кинеските власти издадоа предупредување за невреме од дожд во бројни области низ целата земја, пренесува АП.

Во областа Гуижоу во југозападна Кина загинаа најмалку три лица, а повеќе од 15.000 луѓе беа евакуирани.

40.000 луѓе беа евакуирани од околината на градот Чингкинг на северот на земјата.

Најголемите поплави до сега се случиле во 1998 година, кога над 2.000 луѓе ги загубија животите, а скоро три милиони останаа без покрив над главата.

Слични содржини