Страшни сцени во Порто, капитенот на Сити изгуби свест! (ФОТО)

од Nikola Popovski

Драматични сцени биле видени во средината на втората половина од финалето во Лигата на шампионите, а фокусот бил на капитенот на „граѓаните“, Кевин де Брујн.

Де Брујн ја бутнал топката покрај Антонио Ридигер во 57. минута при дриблинг, но дошло до судир додека се обидувал да го помине, бидејќи Германецот влегол на неговиот пат.

По тој повод, двајца фудбалери се судриле глава в глава, а скоро веднаш станаки јасно дека ситуацијата не е безопасна. Белгиецот останал да лежи на теренот во несвест. Дополнителен проблем бил што Ридигер носел заштитна маска на главата поради повреда на лицето што ја претрпе за време на полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Речиси веднаш, на терен влезе медицинскиот тим на Сити, кој се обиде да му помогне на Де Брујн. Сепак, ударот во главата бил пресилен, па капитенот на Сити, кој во меѓувреме се освестил, морал да ја напушти играта во солзи.

Загрижувачката информација дојде неколку минути подоцна. Де Брујн најпрво се вратил на клупата од соблекувалната, каде му била укажана помош, но наскоро морал да се врати во соблекувалната бидејќи му се слошило.

Засега нема информации за состојбата на еден од најдобрите фудбалери на тимот на Пеп Гвардиола.

Фото: Getty Images

Слични содржини