381
Актерот Ник Кордеро (41) почина од коронавирус по 94 дена борба за неговиот живот во болница во Њујорк.
Кордеро бил во ужасна состојба од април, и му била ампутирана ногата поради компликации од коронавирусот.
Неговата сопруга Аманда Клотс објави емотивен пост на Инстаграм за смртта на нејзиниот сопруг со кого има едногодишен син Елвис.
„Бог има уште еден ангел на небото. Мојот најсакан почина утрово. Моето срце е скршено и не можам да си го замислам животот без негова светлина. Благодарам на неговите љубезни, мудри доктори полни со разбирање. Денес, додека умираше, се молевме и ја пеевме неговата омилена песна „Живеј си го животот“. Тој се бореше како лав. Те сакам засекогаш, драги мој “, напиша таа.