Руската Федерација не може да продолжи да постои во сегашната форма. Ова се вели во анализа на агенција “Стратфор” со прогнози за светот во периодот 2015-2025 година

655-402-rusiia-karta

Конфронтацијата со Русија, предизвикана од кризата во Украина, ќе остане централна тема во меѓународната политика во следните неколку години, сметаат аналитичарите.

Огромната зависност на Русија од извозот на енергетски извори и неможноста да се предвидуваат цените прават невозможно Москва да задржи институционален контрола врз целата територија на земјата.

“Стратфор” очекува авторитетот на Москва да се намали сериозно, што на крајот ќе доведе до распаѓање на федерацијата.

Русија падна во обидот да ги дигне приходите од продажба на енергетски ресурси во одржлива економија, и остана ранлива од флуктуациите на меѓународниот пазар. Освен тоа Руската Федерација нема никаков заштитен механизам спрема силите на слободниот пазар, коментираат авторите на прогнозата. Според “Стратфор” оваа ситуација ќе доведе до повторување на настаните од 1980 година и 1990 година

Овој вид проблеми Русија ги решаваше во минатото со помош на тајните служби, но овој пат Федералната служба за безбедност (ФСБ) е ослабена поради фактот што членовите на нејзиното раководство учествуваат во економијата

Тајните служби нема да успеат да ги ограничат центрифугалните сили кои ќе им помогнат регионите надвор од контролата на Москва, прогнозира “Стратфор”.

Во западниот дел на Русија Полска, Унгарија и Романија ќе се обидат да си вратат територии кои ги изгубиле во различни периоди. Тие ќе дејствуваат на таков начин што ќе ги привлечат Белорусија и Украина.

На југ капацитетот на Русите да го контролираат Северен Кавказ ќе го снема, а Централна Азија ќе влезе во период на нестабилност.

На северозапад регионот Карелија ќе сака да се приклучи кон Финска, а во Далечниот Исток крајбрежните области, кои се поблиску до Кина, Јапонија и САД, отколку до Москва, ќе почнат да се однесуваат како независни. Останатите региони нема да бараат автономија, но ќе бидат ставени во ситуација да бидат автономни, сметаат од “Стратфор”.

Распадот на Руската Федерација ќе доведе до појава на најголемите кризи во следната деценија

САД ќе се обиде да изгради систем од сојузници надвор од НАТО, за да одговори на нестабилноста предизвикана од распадот на Русија, а ќе се обиде да ги привлече Турција и Азербејџан и да ги смести свои сили во овие земји.

Во вториот дел на следната деценија САД ќе се концентрира во обидите да се спречи можноста за евентуална нуклеарна катастрофа која може да биде предизвикана од распадот на Русија.

Исчезнувањето на централната власт на Москва ќе создаде огромен проблем со контролата над нуклеарното оружје на Русија и ќе се бара начин да биде гарантирано дека тоа нема да падне во рацете на екстремисти.

Според Стратфор САД ќе бидат единствената сила која ќе може да се занимаваат со овој проблем, но нема да може да се осигура дека нема да биде истрелана ниту една нуклеарна ракета.

Европската унија (ЕУ) никогаш нема да се врати кон единството пред кризата и ако преживее во следната деценија -ќе биде доста фрагментиран.

Аналитичарите не очекуваат зоната за слободна трговија во ЕУ да продолжи да постои без засилена политика на протекционизам.

“Стратфор” смета дека економијата на Германија ќе има сериозни проблеми во следната деценија, а како резултат Полска ќе го зголеми своето влијание во регионот.

Светот влегол во период на пад на националните држави, создадени од Европа во Северна Африка и Блискиот Исток.

Во многу земји, власта веќе не е чувана од институциите, туку распрсната меѓу вооружени факции кои се во незапирливите конфликти меѓу себе. Интервенцијата на САД во такви конфликти преку воздушни напади нема да биде доволна за да завршат овие конфликти со воспоставување на единствена власт, сметаат аналитичарите.

Турција, чии јужни граници се ранливи поради конфликтот во Сирија, постепено ќе биде вовлечена во конфликтот. До крајот на деценијата Турција ќе се етаблира како најсилна држава во регионот, прогнозира “Стратфор”.

Кина го заврши циклусот на брз економски раст со ниски плати и веќе влезе во нова фаза на побавен раст и зголемување на моќта на диктатурата. Кина ќе продолжи да биде голема економска сила, но нема да остане мотор за светски раст, како што беше до неодамна. Оваа улога ќе биде преземена од група од 16 земји во Југоисточна Азија, Источна Африка, и делови од Латинска Америка. Кина нема да стане агресивна воена држава, прогнозираат уште од “Стратфор”.

Јапонија останува најверојатен кандидат за доминантната позиција во Источна Азија, поради две причини – географската положба и потребите од увоз.

САД ќе продолжи да биде најголемата економска, политичка и воена сила во светот, но ќе бидат помалку посветени на оваа улога, отколку во минатото, сметаат аналитичарите.

Ниските нивоа на извоз, искуството од конфликтите во текот на последната деценија и зголемената енергетска независност ќе ги натера САД да биде постојано внимателни во воените и економските интервенции во светот.

Слични содржини