Страв од бегалци: Полска сака да изгради ѕид на границата со Белорусија

од Nikola Popovski

Полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчек на Твитер објави дека се планира изградба на силен ѕид, висок 2,5 метри, на границата со Белорусија.

Тој, исто така, најави дека ќе испрати дополнителни сили на границата за да им помогне на граничарите. Тој вети дека во блиска иднина ќе претстави план за зајакнување на границата со Белорусија.

На 19 август, министерот објави фотографии од бодликава жица што почна да се крева долж границата, со цел да ги спречи бегалците од Блискиот Исток да преминат од територијата на Белорусија во Полска.

Министерството за одбрана минатата недела објави дека ја повлекле бодликавата жица до 100 од 418 километри од границата и дека наскоро ќе повлечат уште 50 километри. Претходно, Литванија исто така објави дека ќе изгради ѕид на границата со Белорусија.

 

Слични содржини