СТРАВ од ДЕЛТА СОЈОТ: Британското сценарио се повеќе ѝ се заканува на Европа!

од Nikola Popovski

БРИТАНСКОТО сценарио тропа на француска врата. Делта сојот се пресели од Островите во Португалија, преку Шпанија, особено во Каталонија и до Франција, од каде се шири на исток.

Според зборовите на францускиот министер за здравство, Оливие Веран, се очекува нов бран на крајот на јули, поради оваа варијанта. Во Франција, засега, бројот на заразени не е толку видлив како кај соседите на островот, но во последниве денови повторно се зголемува. Во последните 24 часа се заразиле три и пол илјади луѓе, додека во Париз, бројот на заразени на сто илјади жители меѓу младата популација се зголемил за само една недела.

Позаразниот сој делта е практично 100% присутен во Англија, додека во Франција опфаќа околу четириесет проценти од позитивните, но се шири исклучително брзо, па се очекува наскоро да стане доминантен. Се удвојува секоја недела. Властите посочуваат дека делта сојот може да го „расипе летото“ и потсетува дека епидемиските мерки веќе се враќаат во Каталонија и Португалија.

Сепак, веста од другата страна на Ламанш е охрабрувачка, бидејќи поголем број на заразени лица не доведоа до значително зголемување на хоспитализациите и смртните случаи, па затоа Британците решија да ги ублажат мерките во тековниот бран. Причината за тоа е големиот број на вакцинирани граѓани. И во Франција, зголемувањето на бројот на па досега, исто така, не доведува до посериозна клиничка слика.

Слични содржини