СТРАВ ОД ВТОР БРАН: Заради заострување на мерките повторно се пустошат продавниците (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Кога се појави коронавирусот, граѓаните ширум светот пустошеа во продавниците, па празни полици беа честа појава. Иако живееме со него со месеци, се чини дека стравот од вториот бран го прави своето.

Во многу земји, бројот на пациенти се зголемува, па граѓаните се во паника да купуваат резерви на храна во страв дека сè ќе биде повторно затворено и ограничено движење.

Фотографии од Велика Британија се шират на социјалните мрежи каде полиците се повторно празни.

Британците најчесто купуваат тоалетна хартија, брашно и житни култури. Имено, британскиот премиер Борис Џонсон најави дека ќе ги заостри мерките бидејќи неговите сограѓани сè уште излегуваат во пабови.

Слични содржини