СТРАВИЧНА СНИМКА ОД МАКАРСКА: Народ се качува на видиковец на 1.228 метри, а штрафовите сами се одвртуваат (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

На Интернет се појави видео од неодамна отворениот видиковец на Биоково над Макарска.

„Помалку од 90 дена по отворањето на Скајвок, штрафовите се одвртуваат“, се вели во објавата, додека на видеото човекот вели: „Еве го, лесно се одвртува“.

Може да се забележи дека човекот лесно ја одвртува завртката што држи еден дел од оградата во висина од 1.228 метри.

Видиковецот на Скајвок Биково го отвори премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ на почетокот на јули и е дел од проект вреден 31 милиони куни (околу 4 милиони евра), главно финансиран од Европскиот фонд за регионален развој.

Тој бил дизајниран да биде во форма на потковица што се надвиснува над карпа со поглед кон ривиерата на Макарска, Јадранот, островите и отвореното море.

Слични содржини