Стравични сцени на местото на експлозијата во Белград: Се стравува дека се уште има луѓе во локалот (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Плинска боца експлодира на улицата Чика Љубина во центарот на Белград, поради што беше демолиран цел локал, а неколку лица беа повредени. Пет лица се веќе пренесени во Ургентниот центар, од кои едно е на интензивна нега. Наводно станува збор за случајни минувачи, а се стравува дека во барот има повеќе повредени лица, дознава „Телеграф.рс“.

Како што пренесува порталот, пожарот е локализиран, и повеќе нема опасност по животната средина.

Фактот што експлозијата исфрлила едно лице на тротоарот покажува колку била силна детонацијата.

Пред локалот и на улицата Чика Љубина, може да се види срча, а локалот е уништен.

Луѓето кои веќе се згрижени се наводно минувачи, а се стравува дека има повеќе луѓе внатре.

Граѓаните кои се нашле на оваа локација на социјалните мрежи опишаа дека сè било језиво, и дека сè уште е.

Граѓаните исто така пишуваат дека оние кои се нашле во близина на местото за време на експлозијата веднаш покажале хуманост и пружиле помош.

Фото: Телеграф.рс

Слични содржини