Стразбур го одби барањето на Камчев: Останува во притвор

од Nikola Popovski

Европскиот суд за човекови права во Стразбур не и наложил на државата да го пушти бизнисменот Орце Камчев во домашен притвор и да му бидат извршени прегледи од кардиолог. Ова следува откако Камчев поднел барање до судот да и се одреди временска мерка на државата.

Владиниот агент на Бирото за застапување на државата пред ЕСЧП Даница Џонова, во изјава за МИА, потврди дека барањето за времена мерка против државата за Камчев е одбиено.

Претходно адвокатите на бизнисменот соопштија дека е во постапка изрекување на времена мерка со која на македонските власти треба да им се наложи под итно да извршат медицински преглед од кардиолог и итно ослободување и сместување во домашен притвор поради неговата влошена здравствена состојба.

Адвокатскиот тим на Камчев, претходно во неколку наврати алармираше дека имаат медицински белешки од кардиолози од земјава и странство, кои укажуваат дека тој спаѓа во група на пациенти со висок ризик од смрт поради кардиоваскуларни проблеми. Врз основа на тие белешки, одбраната на Камчев, го поднела и барање пред ЕСЧП.

Камчев веќе неколку месеци е во притвор како обвинет во случајот „Плацевите на Водно“.  Обвинителката Вилма Русковска денес изјави дека доколку Камчев излезе од притвор, има големи шанси да побегне.

-Одбраната го исполитизира случајот со тоа што викаше меѓународни набљудувачи. Јас лично сум немала притисок од било кого. Зборував во обвинителката за случајот и таа е апсолутно сигурно дека ако се пушти Камчев од притвор би избегал, рече шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал.

Слични содржини