Струката против короната: Дали вакцините можат да се комбинираат?

од Nikola Popovski

Некои земји кога станува збор за вакцинацијата, најавија можност за вакцинирање со првата доза на една вакцина, а ревакцинација со друга. Според имунологот д-р Емина Милошевиќ, во суштина нашиот имунолошки систем реагира на истиот вирусен протеин, протеин С и во случај на вакцините Фајзер, Модерна, Астра Зенека или Спутник V.

„Разумно е, доколку има недостиг на вакцини, да се даде втора доза од друг производител меѓу наведените. Ако е достапна истата вакцина, јас не препорачувам да се комбинира, освен ако не се знае дека постои можен подобар ефект“, истакнува таа.

Д-р Милошевиќ наведува дека на пр. Астра Зенека и Институтот Гамалеја, кој го произведува Спутник V, работат на утврдување каков ќе биде одговорот на комбинацијата на нивните две вакцини. Потсетуваме дека Астра Зенека и руската вакцина се т.н. векторски вакцини, кои содржат аденовируси како агенси за транспорт на шилестиот протеин С според кој организмот произведува антитела. Во вакцините на Фајзер и Модерна, протеинот С се администрира преку информатичката рибонуклеинска киселина.

Слични содржини