СЦ „Борис Трајковски“ почна со подготовките: Се дезинфецира целиот спортски центар

од Берта Китинска

Спортскиот центар „Борис Трајковски“ соопшти дека во исчекување на одлуката на Владата за олабавување на мерките за спречување и ширење на Ковид-19, почнал со подготовка на содржините во комплексот.

Се преземаат, како што се посочува, сите неопходни процедури за подигнување на нивото на хигиената, се спроведува чистење, како и целосна дезинфекција на целиот спортски центар.

Со дезинфекција, како и превентивни мерки за заштита на здравјето на сите корисници на центарот, секојдневно ќе се продолжи и по отворањето кое се очекува да биде наскоро, стои во соопштението.

Слични содржини