Студено и ветровито, со повремени врнежи на дожд и снег

од Stefanija Kuzmanovska

Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 1 до 5 степени.

Во Скопје облачно со услови за повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 5 степени.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено, со провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Потоа и во наредните денови ќе се задржи студено време, со утрински температури кои насекаде ќе бидат под нула, а услови за повремен снег ќе има во вторник.

Слични содржини