Студентка носела маска под носот, професор поднел оставка

од Nikola Popovski

Пензионираниот американски професор Ирвин Бернштајн (88), кој работел со скратено работно време на Универзитетот во Џорџија, поднел оставка откако студентка што дошла на предавање ја држела заштитната маска под носот.

Таа прво влегла на предавањето без маска, а потоа колега и додал маска. Меѓутоа, таа ја ставила само над устата, не покривајќи го носот, објави студентскиот весник „Црвено и црно“.

Кога професорот ја замолил убаво да ја стави маската, таа одговорила дека не може да дише и дека има проблеми со дишењето додека ја држи маската преку носот, објави „Њујорк пост“.

Бернштајн потоа ѝ рекол на студентката дека може да умре од Ковид, бидејќи има поврзани болести како што се дијабетес, хипертензија и додал дека има уште некои здравствени проблеми поради возраста.

Откако го игнорираше неговото барање, Бернштајн, кој дозна дека двајца негови студенти се позитивни на коронавирус, веднаш поднел оставка, пишувајќи на таблата со креда „нема маски, нема предавања“, по што го напуштил амфитеатарот.

Бернштајн започнал да предава на Универзитетот во Џорџија во 1968 година, а се пензионирал во 2011 година, иако подоцна работел со скратено работно време како професор.

Неговите колеги психолози го повикале да се врати и да одржи уште две предавања овој семестар, но тој одбил по инцидентот со маската.

Слични содржини