„Студентски оброк или политички облог“ – студентите на протест пред Собранието

од Destan Jonuzi

„Студентски оброк или политички облог“, „СТУДенти“, „Се тресеме од студ, не од страв“, „На гладно и на ладно не се учи“. Ова се дел од пораките испишани на транспарентите на студентите кои попладнево пред Собранието го одржаа најавениот протест под мототото „Стоп за уништување на студентскиот стандард“.

Младинското движење на студентите „Студенстки отпор“ бара повлекување на предложените измени на Законот за студентски стандард, изедначување на стипендиите со повискиот износ, изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење на струја и подобрување на условите и итна санација каде што е неопходна во студентските домови.

По протестот е најавена средба на студентските претставници со министерот за образование Јетон Шаќири и со пратениците предлагачи на измените на Законот за студентски стандард.

Слични содржини