Студија: Луѓето кои лежат на ОВАА страна од креветот спијат полошо и се будат поуморни

од Vladimir Zorba

ДОДЕКА некои луѓе стануваат од кревет одморени и целосно подготвени за наредниот ден, други се сè уште уморни и се борат да ги отворат очите со сета своја сила. Дали знаевте дека можеби е виновна страната на креветот на која спиете?

Британско истражување на повеќе од 1.500 луѓе покажа дека повеќето Британци се будат најмалку три пати во текот на ноќта, а 48 отсто се борат да го исклучат својот мозок поради чувството на вознемиреност за пари или работа.

Споменатото истражување откри уште една интересна работа, која има врска со страната на креветот на која спиете. Добиените податоци покажале дека луѓето кои спијат на десната страна од креветот имаат многу полош сон, а мнозинството, поточно 78 отсто од нив, инсистираат секоја вечер да спијат на иста страна од креветот.

Иако повеќе спијачи на десната страна полесно ќе заспијат, тие се со поголема веројатност да се разбудат ненаспани и исцрпени, пишува Mirror.

Додека речиси половина од испитаниците кои учествувале во истражувањето се пожалиле дека жештината им пречи во текот на ноќта, се покажало дека повеќе им пречи на оние кои спиеле на десната страна од креветот отколку на оние кои спиеле на левата страна. Истражувањата покажуваат дека без разлика на која страна од креветот спиете, повеќето луѓе често имаат проблеми со спиењето.

Слични содржини