Студија: Доналд Трамп е најголемиот дезинформатор за Ковид-19

од Aleksandar Petrovski

Американскиот претседател Доналд Трамп е најголемиот светски двигател на дезинформации за КОВИД-19 за време на пандемијата, покажа истражувањето на универзитетот Корнел.

Тим од Корнел алијанса за наука оцени 38 милиони статии објавени од медиумите на англиски јазик од 1 јануари до 26 мај оваа година.

Базата на податоци што ја користеа резимира покриеност од земји како САД, Велика Британија, Индија, Ирска, Австралија, Нов Зеланд и други африкански и азиски земји.

Тие идентификуваа 522.472 написи за вести кои репродуцираа или зајакнаа дезинформации поврзани со пандемијата на коронавирус или она што Светската здравствена организација го нарече „инфодемија“.

Тие беа категоризирани во 11 главни подтеми, почнувајќи од теории на заговор до напади врз врвни научници Ентони Фаучи до идејата дека вирусот е биооружје што го испушти Кина.

Но, најпопуларната тема беше она што авторите на студијата го нарекоа „чудесни лекови“, што се појави во 295.351 статии – повеќе од другите 10 теми заедно.

Авторите откриле дека коментарите на претседателот Трамп предизвикале голем скок во темата „ чудесни лекувања“, предводена од неговиот брифинг за печатот на 24 април, каде разговараше за употребата на средства за дезинфекција во телото за лекување на коронавирус.

Слични скокови се забележуваат кога промовира недокажани третмани како што е хидроксихлорокин.
„Затоа, заклучуваме дека Претседателот на Соединетите Држави беше веројатно најголемиот двигател на дезинформациите за„ инфодемијата “на КОВИД-19“, напиша тимот.

Сара Еванега, која ја предводеше студијата и е директор на Корнел алијансата за наука, рече: „Ако луѓето се заведени од ненаучни и неиздржани тврдења за болеста, може е помалку веројатно да ги следат официјалните упатства и со тоа да ризикуваат да се прошири вирусот. ”
После чудесни исцелувања, втората најчеста дезинформација беше дека пандемијата е дизајнирана за унапредување на „новиот светски поредок“.

Потоа следуваше тврдењето дека пандемијата е измама за политичка добивка од страна на Демократската партија на Соединетите држави, проследена со заговори кои тврдат дека вирусот е био-оружје ослободен од лабораторија во Вухан, Кина.

Потоа следеа теории на заговор што ја поврзуваа пандемијата со филантропот Бил Гејтс, потоа измамата дека симптомите на КОВИД-19 се предизвикани од 5Г телефонски мрежи, антисемитски теории на заговор и идејата дека вирусот е форма на контрола на популацијата.

Студијата е делумно финансирана од фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

Слични содржини