Студија: Смртните случаи од Ковид-19 се поврзани со загадувањето на воздухот

од Nikola Popovski

Според истражувачки тим предводен од Германија, 15 проценти од сите смртни случаи поврзани со Ковид-19 во светот може да се поврзат со долгорочното изложување на загадувањето на воздухот.

Објавена во списанието „Кардиоваскуларни истражувања“ (Cardiovascular Research), проценката се заснова на анализа на загадувањето и податоците за пандемијата спроведена од Институтот за хемија Макс Планк, Универзитетот Харвард и Центарот за климатски и атмосферски истражувања на Кипарскиот институт, пренесува „Фена“, повикувајќи се на „dpa“.

Изложеноста на загадување на воздухот веројатно ќе се влоши со „истовремените болести кои можат да доведат до смртни случаи на заразените со коронавирус“.

„Ако веќе имате срцеви заболувања, тогаш загадувањето на воздухот и инфекцијата со корона ќе предизвикаат проблеми што можат да доведат до срцев удар, срцева слабост и мозочен удар“, изјавил коавторот Томас Муенцел од Универзитетот Јоханес Гутенберг во Мајнц, Германија.

Повеќе од 1,1 милиони смртни случаи

Повеќе од една четвртина од смртните случаи поврзани со коронавирусот во Азија може да бидат поврзани со загадувањето на воздухот, проценуваат истражувачите, во споредба со 19 проценти во Европа и 17 проценти во Северна Америка.

Според официјалните податоци на Универзитетот Џон Хопкинс, повеќе од 1,1 милиони луѓе ширум светот починале откако биле заразени со Ковид-19.

Вториот бран на инфекции ја зафаќа Европа, при што некои земји бележат нови дневни црни рекорди, иако хоспитализациите и смртните случаи се зголемуваа побавно отколку за време на првиот бран на пандемијата од март до мај.

loading...

Слични содржини