Суарез го носи Атлетико кон титулата

од Vladimir Zorba

Атлетико Мадрид го продолжува својот марш кон титулата откако го победи Алавес со 1-0 со голот на Луис Суарез во 28. коло од шпанскиот шампионат.

Ова беше 500-ти погодок на Суарез во неговата кариера, вклучувајќи го и настапот во репрезентацијата на Уругвај, и 19-ти оваа сезона во шампионатот, со што продолжи потерата по Меси на врвот на листата на стрелците, кој досега има 21 постигнат гол.

Голот на Суарез дојде во 54-тата минута по асистенцијата на Трипие, по што Уругваецот со глава ја испрати топката во мрежата.

Тимот на Диего Симеоне сега има шест бода повеќе од Реал Мадрид и седум повеќе од Барселона, со натпревар повеќе од Каталонците.

Слични содржини