Subaru со мотор на Ferrari во рели возење (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Љубителите на автомобили сакаат да „експериментираат“, па затоа замената на моторот не е ретка работа. Сепак, одамна не сме виделе нешто полудо од оваа.

Сем Алберт е рели тркач кој во текот на 2004 година се натпреваруваше во Subaru WRX STI. Во меѓувреме се обидувал да најде начини како да ја зголеми моќноста на својот автомобил, па во текот на своето истражување открил дека атмосферскиот мотор со работна зафатнина до 4,5 литри нема ограничувања.

Така „под микроскоп“ се најде семејството на мотори на Ferrari F136, кое имаше најголем сооднос на коњски сили на литар волумен, а особено F136 IB од Ferrari California. Станува збор за 4,3-литарски агрегат кој испорачува многу моќ.

Алберт го документирал целиот процес на својот канал на Јутјуб, започнувајќи со работа на замена на моторот пред седум месеци, а конечно го тестирал возилото минатиот месец, како што може да се види на приложеното видео.

Слични содржини