Субвенции за велосипеди ќе добијат 420 аеродромци

од Берта Китинска

На јавниот повик за субвенционирање велосипеди во Општина Аеродром пристигнаа 423 барања, од кои 420 се прифатени, 2 одбиени поради нецелосни документи и 1 повлечено.

„Целта на овој проект е поттикнување на граѓаните што помасовно да го користат велосипедот како превозно средство, што ќе овозможи да се растовари сообраќајниот метеж, но и да придонесе за почист воздух и поздрава животна средина“, напиша на својот Фејсбук градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин.

Во текот на оваа недела ќе бидат изработени решенијата, по што ќе следува повратот на средствата во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3 000 денари, со вклучен персонален данок на доход.

Слични содржини