Суд на ЕУ: На туристите барем делумно да им се вратени парите изгубени поради ковид мерките

од Stefanija Kuzmanovska

Патниците чии пакет аранжмани пропаднаа поради мерките воведени поради пандемијата на коронавирусот, ќе можат да добијат барем делумно враќање на тие пари, соопшти денеска највисокиот суд на Европската унија.

Европскиот суд на правдата го даде своето мислење откако судот во Минхен побара мислење од него во врска со двајца туристи, кои купиле двонеделен аранжман на шпанскиот остров Гран Канарија, почнувајќи од 13 март 2020 година, во време кога пандемијата на коронавирусот ја погоди Европа, пренесува АП.

Поради воведените ограничувања и порано враќање дома, туристите побараа намалување на цената на аранжманот за дури 70 отсто.

Слични содржини