Судар на два воза во Шпанија, загина машиновозач

од Nikola Popovski

Едно лице загина, а 85 се повредени во судир на товарен и патнички воз во Каталонија, соопштија шпанските власти и железничката компанија.

Службите за брза помош соопштија дека помагаат да се евакуираат околу 100 луѓе од патничкиот воз.

Несреќата се случила околу 18 часот, на околу 15 километри од Барселона, главниот град на североисточниот регион, соопшти железничката компанија ФГЦ.

Товарен воз кој превезувал калиум паднал од шините додека влегувал во станицата Сант Бои во североисточна Шпанија.

Тој потоа удрил во предниот дел на патничкиот воз кој излегувал од станицата, а машиновозачот бил убиен, соопшти компанијата ФГЦ.

Слични содржини