Судбински парови на Зодијакот: 5 комбинации кои се вистински пример за фатална љубов

од Берта Китинска

Астролозите  го поддржуваат откритието дека постојат хороскопски двојки кои се привлекуваат како магнети.

Девица и Бик

Ретки се паровите чија хемија и поврзност можат да им парираат на Девицата и Бикот.Тие многу добро се поврзуваат во многу аспекти на животот. Добри деловни партнери се. Тие се компатибилни љубовници и најдобри пријатели. Биковите се амбицозни и свртени кон остварување на своите цели, додека Девиците се порамномерни и едноставни. Одлично се согласуваат и практично се незапирливи.

Вага и Рак

Терминот „сродна душа“ не е нешто што треба лесно да се користи. Меѓутоа, кога станува збор за Вага и Рак, тие се пар од рајот. Тие се олицетворение на тој термин. На Вагите им треба наклоност и потврда од другите луѓе, а

Ракот е многу грижливо битие. И двајцата се многу емотивни и комуникативни и постојано разговараат за тоа како врската да им биде уште подобра.

Близнаци и Водолија

Близнаците и Водолиите имаат екстремни личности кои меѓусебно се поништуваат. И’ двајцата сакаат да живеат на работ и поради тоа толку добро функционираат. Стрствени се и таа страст е нешто на што секогаш можат да се потпрат кога работите ќе тргнат надолу. Близнаците живеат спонтано, додека Водолиите се многу крути и организирани. Поради тоа се дополнуваат многу добро.

Стрелец и Овен

Нема поголеми авнатуристи од овој пар. Тие се љубопитни и имаат природна глад за возбудувања.Овие талкачи во срцето секогаш се препуштат на својата внатрешна љубопитност за животот и светот. Не се плашат да исчекорат од својата зона на комфор. Многу се паметни и страствени. Иако тоа понекогаш може да биде извор на судир, тие умеат добро да се изборат со нив.

Рак и Риби

На ова врска никогаш нема да и недостасува сочувствителност, чувствителност и емотивна интелигенција. Тие секогаш пронаоѓаат начин да ги решат своите емотивни проблеми. Не се плашат да водат долги и длабоки разговори. Иако можеби изгледаат кротко и со едноставен ум, имаат јако срце. Секогаш се во склад со своите чувства и знаат како да се однесуваат еден кон друг.

 

Слични содржини