Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Барселона (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Демонстрантите кои се спротивставуваат на рестриктивните мерки за борба против пандемијата на коронавируси во Шпанија, се судрија со полицијата на улиците на Барселона.

Педесет демонстранти ги гаѓаа припадниците на полицијата со камења и запаливи материјали, соопшти полицијата, наведувајќи дека демонстрантите биле потиснати.

Претходно, околу 700 демонстранти одржаа мирен протестен марш низ улиците на Барселона. Слични протести имаше и во Билбао, пренесува Ројтерс.

Оваа недела Шпанија воведе вонредна состојба и како и другите европски земји се прибегна кон драстични мерки за сузбивање на ширењето на вирусот, иако помалку ограничувачки од Германија или Франција, пренесува Танјуг.

Вонредната состојба им дозволува на регионалните власти да ја ограничат слободата на движење со воведување полициски час или забрана за движење.

Слични содржини