Судир меѓу „пасат“ и полициска „шкода јети“, повреден малолетник

од Берта Китинска

На 30.07.2022 во 00.05 часот во Скопје на крстосница од бул.„Гоце Делчев” и бул.„Филип Втори Македонски” се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пасат”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Р.(26) од Скопје и патничко возило „шкода јети”, сопственост на МВР.

По несреќата сите учесници се пренесени во ГОБ „Св.Наум Охридски”, каде што кај малолетен сопатник од возилото „пасат” му биле констатирани тешки телесни повреди, а на Е.Р. и сопатникот О.Р. (19) од Скопје, како и на еден полициски службеник им биле констатирани телесни повреди. Увид извршила екипа на СВР Скопје.

Известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Слични содржини