Судир на АВТОБУС И КАМИОН во Турција, загинаа девет лица

од Stefanija Kuzmanovska

Најмалку девет лица загинаа, а 30 се повредени во судир на автобус и камион во областа Сома, во турската провинција Маниси.

Автобусот, кој се движел на релација Истанбул-Измир, удрил во камион, јави агенцијата „Анадолија“.

Шест патници починале на лице место, а тројца починале во болницата во Сома.

30 повредени патници се хоспитализирани.

Во автобусот имало 50 луѓе, меѓу кои тројца членови на екипажот.

Слични содржини