Судир на „шеиците“ во полуфиналето на ЛШ, бедемот на Тухел ги чека мадриѓани

од Vladimir Zorba

По вечерашните четвртфинални натпревари познати се паровите од полуфиналето во Лигата на шампионите.

ПСЖ ќе игра со Манчестер Сити, додека Реал Мадрид ќе се обиде да стигне до финалето во дуел со Челси.

Првите натпревари на програмата се на 27 и 28 април во Париз и Мадрид, реваншите на 4 и 5 мај во Лондон и Манчестер.

Финалето е на 29 мај на Олимпискиот стадион „Ататурк“ во Истанбул.

Слични содржини