Грчката полиција се судри со демонстранти во Атина кадеилјадници луѓе се собраа на годишнината од насилните протести од 1973 година по кои од власт беше соборена воената хунта.

Околу 10.000 луѓе протестираа пред американската амбасада во Атина, а многумина Грци сметаат дека САД ја помагаа седумгодишната воена диктатура на хунтата.

Судирите избија по завршувањето на протестниот марш кога демонстранти фрлаа кон полицијата со камења и Молотови коктели. Полицијата возврати со солзавец. Одделни демонстранти поставија и барикади.

Според телевизијата Антена, демонстрантите фрлаа со јајца, пластични шишиња со вода и хартиени чаши кон министри и пратеници на Сириза меѓу кои и генералниот секретар на партијата Панос Скурлетис, министерот за дигитална политика, телекомуникации и информирање Никос Папас, првиот заменик министер за одбрана Панајотис Ригас и други.

Телевизијата јави дека анархисти се кријат во Политехничкиот институт каде полицијата нема право да влезе. Слични безредија имаше и во Солун и други поголеми градови.

Слични содржини