Судири на Западниот Брег: Убиени пет Палестинци, Израел тврди дека тие се терористи

од Берта Китинска

Израелските војници убиле пет екстремисти, членови на Хамас, во вооружени конфликти за време на акциите извршени денеска против една од групите во окупираниот Западен брег, изјави портпаролот на израелската армија.

Вујкото на еден од убиените Палестинци изјави дека убиен  бил 16-годишник кој се враќал дома од училиште кога бил извршен нападот.

Портпаролот на израелската армија рече дека што се однесува до нив, сите убиени биле вооружени оперативци на Хамас кои учествувале во вооружениот конфликт, но додаде дека се проверуваат информациите на роднините на еден од убиените Палестинци.

Тој вели дека израелската армија изврши пет акции на Западниот Брег со цел да ги запре активностите на членовите  на терористичката организација Хамас и да ги спречи нивните напади.

Слични содржини