Судири помеѓу навивачите на Барса и ПСВ Ајндховен (ВИДЕО)

од Vlatko K

Немири ја одбележа посетата на ПСВ Ајндховен во Барселона, пред дуелот од групната фаза од Лигата на шампионите.

Приврзаници на каталонците и Холанѓаните се судрија по улиците на Барселона.

Инцидентите беа придружени со превртени столови и маси во локално кафуле, запалени факели и оган во централните делови на градот.

Сепак, посеризони сцени не се одиграле, по навремената полициска интервенција.

Барселона ја започна одлично кампањата во турнирот на богатите по успехот со 4:0 над ПСВ, а „хет-трик“ за шампионот на Шпанија постигна суперѕвездата Лионел Меси – тоа беше негов осми хет-трик во натпреварувањето што го става на прво место по тој показател.

Меси, исто така, има 103 гола во Лигата на шампионите, 17 помалку од главниот ривал Кристијано Роналдо.

https://youtu.be/IClCXdqkUVc

Слични содржини