Судирот Муареми-Русковска е на штета на граѓаните, порача Спасовски

од Nikola Popovski

Ова предизвикува штета на граѓаните, затоа што вербата во институциите се губи. Мора секој еден што носи функција, мора да носи одговорност. Не може да се дозволи да се растураат институции од било кого. За тоа треба цврсто да застане секој еден. Ако се изгуби вербата во институциите, тогаш е најголемиот проблем, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за судирот и обвинувањата меѓу шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска и директорот на Финансиска полиција, Арафат Муареми.

Тој истакнува дека власта е тука за интересот на граѓаните.

-Тој интерес треба да го следиме. Граѓаните се тие кои преку даноци обезбедуват функционирање на државниот апарат и институциите и затоа треба да бидеме одговорни. Треба да размислиме зошто судството и Обвинителството имаат 8% доверба кај граѓаните. Не верувам дека ова е начинот со кој ќе ја зоглеме довербата. Има многу други начини во зголемување на довербата, одговори Спасовски на прашање на водителот во емисијата „Жешко политичко лето“.

Слични содржини