Судирот на Кавказ се претвора во вистинска војна: Двете страни одбија мировни преговори, борбите продолжуваат

од Aleksandar Petrovski

Ерменија и Азербејџан се обвинија меѓусебно за прекугранични напади во вторникот, а двете земји исто така го отфрлија притисокот од меѓународната заедница да одржат мировни разговори бидејќи нивниот конфликт во регионот Нагорно Карабах се претвора во полнокрвна војна.

Двете земји пријавија прекугранично пукање, западно од отцепената област Нагорно-Карабах, околу кое во неделата започнаа судири меѓу азербејџанските и ерменските сили.

Овие инциденти претставуваат дополнителна ескалација на конфликтот, иако Русија, САД и другите земји повикуваат на воздржаност.

Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев јасно ја отфрли секоја можност за преговори за руската државна телевизија и рече дека барањата на Ереван се неприфатливи.

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан за истиот канал изјави дека разговорите не можат да се водат додека борбата продолжува.

Досега во судирите загинаа скоро стотина лица, вклучително и цивили, а неколку стотици беа повредени.

азербејџанското државно обвинителство објави дека 12 цивили биле убиени и 35 повредени, но Азербејџан сè уште не објавил број на воени жртви.

Слични содржини