Судот ги ПРИФАТИ обвиненијата за силување против Вајнштајн

од Stefanija Kuzmanovska

Судот во Лос Анџелес не го прифати предлогот да се отфрлат две обвиненија за силување против поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн, додека обвинителите го сменија третото, кое исто така е спорно, за сексуален напад.

Судија во Лос Анџелес донесе одлука против Вајнштајн по две точки од обвинението за силување, а обвинителите подоцна го сменија и го вратија обвинението за сексуален напад по една точка, според судските документи, пренесува „Ројтерс“.

Вајнштајн (69), кој беше осуден за силување на судењето минатата година во Њујорк, се соочува со вкупно 11 нови обвиненија од пет жени во Калифорнија во периодот од 2004 до 2013 година.

Некогаш еден од најмоќните луѓе во Холивуд, може да добие казна од 140 години затвор ако биде осуден по сите 11 точки од обвинението, а датумот на судењето допрва треба да се утврди.

Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнштајн се изјасни за невин пред судот во Лос Анџелес по четири точки за силување и уште седум точки за сексуален напад.

Вајнштајн беше екстрадиран во Калифорнија од Њујорк, каде претходно беше осуден на 23 години затвор за сексуално злоставување и силување.

Слични содржини