Судот го ограничи пристапот до финансиските документи на Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Судијата на американскиот окружен суд Амит Мехта денеска одлучи да му дозволи на Комитетот за супервизија и реформи на Претставничкиот дом само ограничен пристап до финансиската документација на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Демократите од тој Комитет веќе долго време бараат да им се даде пристап и увид во финансиската документација на Трамп.

Со одлука на судијата Мехта, Демократите извојуваа делумна победа, бидејќи окружниот судија им наложи да ги побараат тие информации од сметководствената фирма Мазарс, со цел да се утврди дали поранешниот претседател го прекршил законот кога изнајмил хотел во Вашингтон и дали го прекрши американскиот Устав со генерирање приход во странство и покрај забраната, пренесува NBC News.

„Барањето на Комитетот не објаснува соодветно зошто изворите на информациите, освен деловните записи на претседателот Трамп, не можат целосно да му ги дадат на Конгресот потребните информации“, наведе судијата Мехта во одлуката.

Правната битка околу оваа документација започна во 2019 година и заврши пред Врховниот суд, кој ги отфрли аргументите на правниот тим на Трамп дека „документацијата на претседателот не може да биде достапна за Конгресот“.

Меѓутоа, во таа пресуда донесена минатата година, исто така беше кажано дека инстанците од пониските судови мора да ги почитуваат принципите на поделба на власта кога бараат одредени документи од претседателот.

Слични содржини