Судот ја распушти поротата од судењето на Гигс

од Nikola Popovski

Поротата на судењето на поранешниот велшки фудбалер Рајан Гигс денеска беше распушти откако не донесе пресуда за вина по обвиненијата за семејно насилство против поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед.

Обвинителите тврдеа дека во ноември 2020 година Гигс ја нападнал и ја повредил својата поранешна девојка Кејт Гревил и ја нападнал нејзината помлада сестра. Тој е обвинет и за употреба на принуда врз неговата поранешна девојка од август 2017 до ноември 2020 година.

За време на судењето, Гигс ги негираше обвинувањата, рече дека „никогаш“ физички не ја нападнал жената и признал дека само бил неверен.

Судењето на Гигс во Манчестер траеше четири недели, но и по повеќе од 16 часа размислување, поротата составена од седум жени и четворица мажи не донесе одлука за неговата вина, а се очекува судењето да се повтори.

За време на 23 години во Манчестер Јунајтед, Гигс освои 13 титули во Премиер лигата, две Лига на шампиони и забележа 963 настапи.

Слични содржини