Судот ја укина суспензијата на Сити, ќе играат во ЛШ следната сезона

од Vladimir Zorba

Манчестер Сити ќе игра во европските натпреварувања под покровителство на УЕФА следната сезона, бидејќи беше прифатена жалбата на тој клуб против претходната одлука.

Претходно, УЕФА донесе пресуда според која англискиот клуб беше суспендиран на две години.

Постапката се водеше пред Спортскиот арбитражен суд во Лозана.

„Клубот им се заблагодарува на учесниците за нивната трудоубивост во текот на процесот“, се вели во соопштението.

Судската одлука ја смени претходната пресуда на надлежниот орган на УЕФА, со која Сити беше казнет со казна за неиграње, со обврска да плати сума од 30 милиони евра.

Исто така, потврдено е дека Сити ги прекршил правилата за лиценцирање и финансиски фер-плеј, за што ќе треба да платат 10 милиони евра, во рок од 30 дена.

Слични содржини