Судот ја забрани работата на организациите на Навални

од Stefanija Kuzmanovska

Организациите на затворениот руски опозициски лидер Алексеј Навални веќе не смеат да работат, според наредбата на судот во Москва, изјави директорот на Фондацијата за борба против корупција на Навални, Иван Жданов.

Забраната останува на сила се додека не се донесе одлука за барањето на московското обвинителство за класифицирање на организацијата како екстремистичка и трајно да ѝ се забрани да работи, рече Жданов.

Кон крајот на минатата недела, Навални, кој е во затвор надвор од Москва, го прекина тринеделниот штрајк со глад, откако лекарите апелираа да јаде, плашејќи се за неговиот живот.

Слични содржини